Единствениот дијамант со скапоцен камен во него е пронајден во Сибир. Дијамантот е наречен „Матрјошка“, а се верува дека е стар 800 милиони години и дека е непроценлив и единствен во светот.
Поголемиот дијамант е со димензии 4,8 x 4,9 x 2,8 милиметри. Во него е сместен помал дијамант со димензии 1,9 x 2,1 x 0,6 милиметри.
Олег Ковалчук, од руската компанија „Алроса“, која го пронашла дијамантот во Јакутија, рекол дека ова е уникатна креација на природата и дека ваков дијамант досега не е пронајден.
„Алроса“ планира да го испрати дијамантот во Геолошкиот институт во Америка на понатамошни истражувања.
Текстот Пронајден дијамант каков што светот досега нема видено (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.