Пронајден нов човечки вид на најголемиот остров во Филипините

Нов вид на древен човек е пронајден на најголемиот остров на Филипините, Лузон.

Фосили од нов човечки вид се пронајдени во пештера на островот Лузон, стари 67.000 години, пренесува Guardian. Новиот вид е познат како Homo luzonensis, наречен според локацијата каде се откриени остатоците. 

Карактеристично за новиот човечки вид е евиденцијата на закривување на големиот ножен прст што укажува дека искачувањето и понатаму била важна активност на овој далечен човечки предок.

Неговите физички одлики претставуваат мешавина од оние кај древните човечки предци и поновиот човек. Тоа би можело да значи дека примитивните роднини на човекот ја напуштиле Африка и дошле до југоисточна Азија, нешто што претходно се сметаше за невозможно. Фосилите се откопани од пештерата Калао на островот Лузон и се смета дека се стари од 50.000 до 67.000 години, кога нашите предци и неандерталците се ширеле низ Европа во Азија.

Ова откритие укажува дека еволуцијата на човекот во регионот била многу сложена, со три или повеќе човечки видови во таа област. Еден од тие видови е Homo floresiensis, со многу низок џуџест раст, кој живеел на индонезискиот остров Флорес пред 50.000 години.

Островот Лузон е оддалечен од Флорес околу 3.000 километри.

 

Текстот Пронајден нов човечки вид на најголемиот остров во Филипините е превземен од USB.mk.