Во Шкотска, е пронајден најстариот примерок на периодниот систем на елементите, отпечатен уште во 1885 година. Табелата била пронајдена случајно за време на чистење на универзитетската лабораторија, која не била средувана цели 55 години.
„Најдовме многу изгубени предмети, стари учебници, како и материјали од предавања, во чија внатрешност го најдовме стариот периоден систем на хемиските елементи“, вели д-р Алан Ејткен од шкотскиот универзитет „Сент Ендрус“.
Истражувачите велат дека Дмитри Менделеев ја објавил првата шема на табела во 1869 година. Во првиот дијаграм имало 63 елементи поделени во 19 редови и 6 колони.
Потеклото на документот е пронајдено врз основа на елементите кои биле во него. На пример: галиумот и скандиумот пронајдени во 1875 година и 1879 година се во табелата, но го нема Германиумот кој бил откриен во 1886 година. Истиот е отпечатен во Виена во специјализирана печатница за печатење научна литература конкрајотна 19. век.
Според најновите податоци, пронајдената табела е најстарата во Европа, а можеби и во светот.
Текстот Пронајдена најстарата верзија на периодниот систем на елементите е превземен од USB.mk.