Неколку напуштени бродови, пронајдени среде пустина во Казахстан, ги збуни научниците и предизвика опсежна истрага за настанот.
Четири големи бродови се фотографирани од сателитот Quickbird Earth Observation на висина од 450 км над Земјата, а експертите не можат да разберат како тие завршиле на тоа место. Канадскиот истражувач Џорџ Корунис вели дека е тешко да се сфати тоа.
„Тешко е да го свртите погледот и да го игнорирате тоа што се случува на сликата. Во огромната пустина нема вода, но сепак на средината се наоѓа флота од зарѓани бродови. До пустината најблиско е Аралското Езеро, но и тоа е оддалечено со километри“, вели канадскиот истражувач.
Бродовите претставуваат изненадување и за други научници. Биологор Роланд Кајс вели дека овде не станува збор за мали, туку за огромни бродови. Истражувачот Ник Мидлтон објаснува дека пловилата се направени за пловење во длабоки води, иако е нејасно како и зошто со километри се оддалечени од било каков извор на вода.
Со помош на фотографии од Студената војна научниците откриле дека оваа област некогаш била покриена со море кое исчезнало. Со децении се веруваше дека тие исчезнуваат и повторно се појавуваат на друго место.
Текстот Пронајдени бродови среде пустина во Казахстан (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.