Пронајдени нови докази дека коронавирусот потекнува од лилјаците

Кинеските научници тврдат дека пронашле нови докази дека коронавирусот кој што се појави неодамна навистина потекнува од лилјаците.

Во две научни истражувања кои биле објавени денес во списанието „Природа“, научниците тврдат дека генот на неколку пациенти од Вухан покажал дека вирусот е тесно поврзан со оние причини кои го предизвикале и САРС.

Научниците од институтот за вирологија во Вухан велат дека геномите на девет пациенти биле 96 отсто идентични на коронавирусот во лилјаците.

Се верува дека и САРС потекнува од лилјаците, но преминал на цибетките пред да ги зарази луѓето во 2002-та и 2003-та година.

Иако научниците сметаат дека заразата почнала да се шири од пазарот во Вухан, каде што дивите животни се продавале и биле во контакт со луѓето, сепак сè уште не е утврдено кое животно е извор на таа зараза, пишуваат од „АП“.

„Во суштина тоа е верзија на САРС која полесно се шири, но нанесува помала штета“ – изјавил Иан Џонс, професор по вирологина на Универзитетот во Ридинг кој не е поврзан со ова истражување.

Џонс додал дека вирусот ги користи истите рецептори за влегување во човечките ќелии што го објаснува пренесувањето и причината поради која предизвикува воспаление на белите дробови.

Извор: Klix.ba

Текстот Пронајдени нови докази дека коронавирусот потекнува од лилјаците е превземен од USB.mk.