Прв елетромотоцикл изработен на ЗD печатач

Компанијата „БигРеп“ го произведе првиот елктромотоцикл изработен со помош на 3D печатач, јави Би-Би-Си.

Мотоциклот се состои од 15 делови, од кои само моторот и акумулаторот не се изработени со 3D печатачот.

Директорот во компанијата Штефан Бајер информира дека новиот елетромотоцикл бил изработен за три дена и дека трошоците за негово производство изнесуваат 2.600 американски долари.

– ЗD печатачот ни овозможува да ги надминеме ограничувањата и да изработиме апсолутно нови карактеристики и дизајн. Ќе беше невозможно да го изработиме нашиот мотоцикл со традиционалните методи, додаде Бајер,

Компанијата „БигРеп“ е специјализирана за изработка на уреди и апарати со 3D печатачи.

Текстот Прв елетромотоцикл изработен на ЗD печатач е превземен од USB.mk.