Првата класа во патнички авион украсена со 500.000 дијаманти

Авиокомпанијата „Емирати“ објави фотографија на која се гледа дека барот од прва класа во нејзините патнички авиони е украсен со дијаманти.

Авиокомпанијата минатата година направи вистинска мешаница на социјалните мрежи со објавување фотографија од блескав 777 авион.

Всушност, се работеше за ангажман на дигитална уметничка која се занимава со украсување на најразлични предмети, па така и авионот на „Емирати“ го декорирала со дијаманти. Многумина без никаков сомнеж поверуваа дека авионот е реален.

По една година, уметничката Сара Шакел повторно го направи истиот хаос на социјалните медиуми. Всушност, луѓето  веруваат кога од „Емирати“ ќе ги споделат нејзините фотографии на своите официјални профили.

Овој пат се работи за бар од прва класа. Барот е целосно украсен со дијаманти кои блескаат додека стјуардесата со љубезна насмевка чека некој да порача. Авиокомпанијата и ова парче од Сара Шакел го објави без јасна порака во која би се објаснило дали станува збор за лажна фотографија.

За вниманието што уметничката го привлекла со овие слики и колку ваквата идеја му се допаднала на раководството на авиокомпанијата говори фактот што тие повикале експерт од „Сваровски“ со цел да дознаат колку кристали би биле потребни за барот од сликата да се изработи во реалност.

Одговорот бил дека ќе биде потребен најмалку еден месец работа за да се вградат околу 500.000 кристали.

Текстот Првата класа во патнички авион украсена со 500.000 дијаманти е превземен од USB.mk.