Марката која претендира на премиум статус, во Јужна Кореја ќе го претстави моделот Genesis G70 (2019).
Она што е уникатно за новиот луксузен седан на Genesis, се однесува на имплементација на првиот во својата класа три-димензионален инструменти кластер, со дијагонала од 12,3-инчи.
Производителот вели дека тоа е дело на уметноста, бидејќи е применета технологија која овозможува препознавање на очите на возачот, без потреба од носење на специјални очила, а голем број на информации релевантни за возачот се прикажани во голем број различни начини.
Изворно 3D кластерот може, ако сака возачот, да се трансформира во дво-димензионален приказ, а според афинитетот на патниците истиот е прилагодлив и тематски. Во основа, постојат три начини како се прикажуваат информациите на екранот: Modern, Space и Edge, за менување на стилскиот израз на кластерот, како и нијансите на бои кои доминираат. Овие подесувања работат заедно со еден од петте одбрани режими на возење: Comfort, Sport, Smart, ECO и Custom.
Од останатите технолошки ставки кои производителот ги смета вредни за акцентирање, тука е капакот на задната врата кој се отвора со помош на мал електричен мотор. Потоа, тука е и режимот Air Clean (чист воздух), инфо-забавниот систем со способност за прикажување на формати со висока резолуција, електрична паркинг сопирачка со функција за активирање кога возилото запира на краток рок.
Новина е можноста за користење на функција која поддржува еколошки режим за возење на сите верзии во рамките на гамата, а што претходно беше достапно само во возилата со би-турбо бензински мотор со зафатнина од 3,3 литри.
Што се однесува до цената на моделите од гамата G70, на домашниот пазар ценовниот опсег се движи од 32.882 до 46.479 американски долари.
Текстот Првиот инструмент кластер во светот во 3D технологијата – Genesis G70 е превземен од USB.mk.