Прво глобално истражување што покажува колку години од животот ни скратува загадувањето

Загадениот воздух што го дишеме има своја цена – на некои места скратува месеци, а на некои дури и години од животниот век.

Низ Европа и Северна Америка загадувањето во принцип намалува по година од животот, додека во делови од Африка и Азија достигнува до две години.

Важно да се напоменe е дека ова е средна вредност, што значи дека во индустриските региони загадувањето на воздухот може да предизвика и намалување на животниот век до 10 години.

Истражувањето користи податоци до 2016та година, и е прво истражување од овој тип направено на глобално ниво. Истражувањето ги клучува честичките познати како ПМ2.5, што се помали од 2.5 микрометри, а тоа е 30 пати помало од ширината на обично човечко влакно.

Џозеф Апти, научник од Универзитетот на Тексас, е лидер на проектот, и се надева дека ова истражување ќе ја зголеми свеста на луѓето за да извршат поголем притисок врз владините тела за воспоставување на подобри закони кои ќе го намалат индустриското загадување.

 

Текстот Прво глобално истражување што покажува колку години од животот ни скратува загадувањето е превземен од USB.mk.