Започна со работа првиот реактор на руската пловечка електрана “Академик Ломоносов”, а станува збор за прва нуклеарна централа од ваков вид во светот.
Централата на руската компанија “Росатом” е усидрена кај градот Мурманск. Од подружницата “Aтомфлот” е соопштено дека во работа се пуштени десет отсто од капацитетот на првиот реактор, а дека тој во полн капацитет ќе проработи по потребните тестирања.
Тестирањата би требало да бидат завршени до март наредната година, а во третиот квартал, пловечката нуклеарна електрана ќе биде преместена во сибирскиот град Павек.
Челникот на “Росатом”, Алексеј Лихачев изјавил дека пловечката нуклеарна електрана е епохално, ефикасно и практично решение за снабдување на оддалечените северни регии со енергија.
“Овој проект не е важен само за рускиот Арктик, туку и за остатокот од светот. Уверен сум дека Русија ќе стане лидер во светот кога станува збор за пловечките електрани”, изјавил Лихачев.
Текстот Пуштена во употреба првата пловечка нуклеарка во светот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.