Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот астронаут Ник Хејг со орден за храброст, што е едно од највисоките почести во Русија.
Во указот на Путин се вели дека Хејг (44) е награден за „храброст и високо ниво на професионалност“ во опасни услови за време на минатогодишното неуспешно лансирање на ракетата „Сојуз“ од космодромот „Бајконур“ во Казахстан.
Ракетата, со која Хејг и рускиот космонаут Алексеј Овчињин требаше да стасаат на Меѓународната вселенска станица, се распадна неколку минути по полетувањето. Откако автоматскиот систем успешно ги катапултираше, Хејг и Овчињин останаа неповредени и покрај големиот притисок. Тие успешно пристигнаа на вселенската станица во март и останаа таму до минатата недела.
Како едно од највисоките одликување во Русија, Орденот за храброст честопати се доделува постхумно.
Текстот Путин одликуваше американски астронаут со Орден за храброст е превземен од USB.mk.