Американската компанија SpaceX денеска ја лансираше својата најголема ракета Falcon Heavy, која во вселената однесе 24 истражувачки сателити, но и капсула со пепелта на 150 починати луѓе.
Агенцијата AP пренесе дека ова е третиот лет на најмоќната ракета на денешницата, но прв во рамки на мисија на американското Министерството за одбрана.
Се тврди дека еден од сателитите кои Falcon Heavy ги носи во вселената е опремен со атомскиот часовник на НАСА наречен Deep Space кој би требало да го промени начинот на навигација низ вселената.
Американската агенција објави дека на ракетата е сместена и метална капсула со пепелта на 150 починати лица чии семејства сакаат нивните посмртни останки да почиваат во вселената.
Според основачот и извршен директор на SpaceX, Елон Маск, ова било нивното најтешко лансирање на ракета досега.
Тој објасни дека сателитите морало да бидат поставени во три различни орбити и дека биле потребни неколку часа за сите да бидат ослободени.
Ракетата Falcon Heavy за првпат беше лансирана во февруари 2018 година.
Текстот Ракетата Falcon Heavy на Елон Маск лансирана во вселената со 24 сателити (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.