Има сè повеќе луѓе кои веруваат во теоријата дека земјата е рамна, организираат конвенции, снимат видеа, одржуваат состаноци и разговараат за тоа како да ги уверат луѓето дека земјата е рамна плоча. Нивната најнова одлука е да го посетат Антарктикот и да го откријат работ на светот.
„Не веруваме дека нешто може да падне од ивицата на земјата, бидејќи многу луѓе мислат дека сме во некој облик на круг, дека ѕвездите, сонцето и месечината се во внатрешноста на кругот со нас. Многу се високо, но се внатре со нас. Така што нема шанса нешто да падне од планетата“, рекол Роби Дејвидсон, еден од организаторите на експедицијата, пренесува магазинот Форбс.
Нивниот план е да дојдат до „крајот“ на Антарктикот и на тој начин да докажат дека постои ивица на светот, односно место каде сè се завршува. Според нивните наводи, капетанот Кук во 1773 година дојде до големиот леден ѕид на Антарктикот и не можел да пронајде пат околу него.
Пловел со денови и поминал повеќе од 96.000 километри барајќи дупка во ѕидот низ која ќе може да премине на другата страна на светот, но никогаш не ја пронашол. Ледениот ѕид бил многу голем и не му се гледал крајот. Токму поради оваа експедиција и оние слични на оваа се верува дека не постои ништо од другата страна на ѕидот, дека тука се наоѓа ивицата.
Сè уште не е одреден точниот датум на експедицијата, а многумина се во исчекување, бидејќи тоа повторно ќе покрене дебата помеѓу „рамноземјашите“ и оние кои сметаат дека Земјата има форма на круг.
Извор: Klix.ba
Текстот „Рамноземјашите“ организираат експедиција на Антарктикот, ќе го откриваат „работ на светот“ е превземен од USB.mk.