Колонијата на кралски пингвини на островот Кочонс во архипелагот Крозет кај Антарктикот, која се смета за најголема на светот, се намалила за 90 проценти во последните 35 години, предупредуваат научниците. Од почетокот на 80-тите години до денеска колонијата се намалила за 88 отсто, со околу 500 000 на 60 000 двојки за размножување, пишува во студијата објавена во научното списание „Анстарктик сајнс“.
Со оглед дека во една двојка се сметаат четири животни (родители и две мали), тоа значи дека на островот живеат околу 240 000 кралски пингвини. Тоа е огромно намалување, рекол Хенри Веимрскирч, главен автор на студијата.
„Ако главна причина за тоа е околината, тогаш ништо не ни е јасно“ додал тој.
Откриена во 60-тите години на 20 век, колонијата се наоѓа во природен резерват на јужната француска територија. Од 80-тите се сметала за најголема колонија на кралски пингвини на светот. До оваа студија, популацијата на кралските пингвини во делот на јужниот океан се проценувала на 1.5 милиони двојки за размножување.
Лошите вести кои стигнуваат од островот Кочонс значи дека сме изгубиле речиси една третина од глобалната популација, рекол Веимерскирч.
Текстот Речиси исчезна најголемата кралска колонија на пингвини е превземен од USB.mk.