Систем базиран на вештачка интелигенција им помогна на астрономите од Универзитетот Беркли во Калифорнија да регистрираат нови 72 рафални радио сигнали испратени од објектот FRB121102, од галаксија која се наоѓа на одалеченост од 3 милијарди светлосни години од Земјата. Радио брановите се емитувани од далечната галаксија со времетраење од милисекунди.
FRB121102 до денеска е единствениот познат извор кој произведува повторувачки радио сигнали. Првично, друга група истражувачи во август 2017 година забележаа испратени радио сигнали од оваа галаксија со помош на радиотелескопот Green Bank Telescope кој дојдоа од изворот FRB121102. Потоа, астрономите открија дури 21 брз рафален радио сигнал.
Сега истражувачите регистрирале 72 нови сигнали, кои првично не биле забележани. По новото откритие, астрономите почнаа со развој на алгоритам познат како конволуционална нервна мрежа, која помога да се најдат радио импулси кои се пропуштени со класичниот пристап
Текстот Регистрирани нови радио сигнали од далечна галексија е превземен од USB.mk.