Републиканскиот кандидат за Претставничкиот дом, Бетина Родригез Агилера тврди дека кога имала седум години била киднапирана од страна на вонземјани, префрлена на вонземски брод и дека низ целиот свој живот потоа таа била во телепатска комуникација со вонземските суштества, пренесуваат американските медиуми.
Случајот со Агилера доби на популарност во САД откако таа беше поддржана во локалната изборна трка и од страна на весникот Мајами Хералд, чии уредници напишаа дека “иако Родригез Агилера е невообичаен кандидат и верува во вонземјани“, тоа не е проблем и нема значење во изборната трка.
Според Агилера, она што е важно е тоа дека дали таа како кандидат може да донесе нови работни места, а не нејзиното мислење околу вонземјаните.
Текстот Републикански кандидат тврди дека била “киднапирана од вонземјани“ е превземен од USB.mk.