Египетската мистерија стара 2.000 години конечно била решена кога археолозите пронашле убаво сочуван брод, за кој прв пат се пишувало во 5-тиот век пред новата ера.
Со векови се расправало дали бродот за кој пишувал славниот антички историчар Херодот е реален.
Херодот опишувал необични бродови кои ги видел на реката Нил во текот на посетата во Египет. Посебно се чудел на нивната конструкција.
Археолозите сега откриле потопени бродови и потврдиле дека тоа што го пишувал Херодот е вистина.
“Дури кога ги откривме овие остатоци, сфативме дека историчарот бил во право”, рекол истражувачот од Универзитетот Оксфорд, Демијан Робинсон.
“Бродот 17” има огромен труп во облик на полумесечина, а конструкцијата била составена од дебели даски споени со клинци.
“Вакви конструкции не се видени порано, во археолошка смисла”, рекол Робинсон.
Околу 70 проценти од бродот е прилично добро сочуван бидејќи со векови минал во кал.
Извор: Kurir.rs / Mirror
Текстот Решена мистерија стара 2.000 години: Пронајден брод за кој се мислело дека не постои! е превземен од USB.mk.