Таканаречениот „микропревоз“ би можел да биде решение за сообраќајниот метеж во големите метрополи, со значаен придонес за животната средина. Меѓутоа, кога станува збор за електричните скутери, досега никој се нема сериозно зафатено во поглед на безбедноста. Ова се обидуваат да го променат во шпанската стартап компанија, Skroller.
Skroller не е модел на електричен тротинет, туку потпирач за грбот кој може да се примени за секое возило од ваков вид. Станува збор за појас, како оној во автомобилите, кој во овој случај, покрај тоа што служи како подршка на телото, придонесува за подобра контрола над возилото, но и некои други бенефиции.
Ако се оди според планот, првите Skroller-и ќе бидат доставени во декември. Овој гаџет или додаток ветува револуција во возењето со електрични тротинети, од начинот на кој телото пронаоѓа баланс и ги ослободува мускулите од напнатост, како во грбот, така и во рацете, до обезбедување подобра контрола на возилото, па дури и возење „без раце“. Се разбира, ова последното во никој случај не се препорачува, но добро е да се знае дека постои „опција“.
Skroller е навистина одлично минималистичко решение. Тој се закачува на тротинетот, а потоа со притискање на копче се ослободува ременот. Должината е прилагодена за секој да може да ја најде идеалната позиција. Во случај на сообраќаен инцидент, Skroller се отклучува и го ослободува ременот за да спречи повреда. Тука се и перничињата, кои го штитат грбот и наведнувањето го прават поудобно.
Skroller е изработен од не’рѓосувачки челик, со мала маса и висок квалитет, дизајниран да биде пријатен за окото. Додатокот ќе биде достапен во различни комбинации на бои.
Инаку, производот е тестиран и во лабораториски услови и во реален сообраќај, во матичната земја – Шпанија, потоа во Германија, Австралија и Русија. Велат дека откако ќе се возите на електричен тротинет со Skroller, повеќе никогаш нема се возите без него.
Извор: Додај Гас
Текстот Револуција во светот на електричните тротинети (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.