Риба-робот може да плива 37 часа (ВИДЕО)

Нова роботска риба-лав може да плива благодарение на вештачки циркулаторен систем кој пумпа вештачка крв направена од батериска течност околу разните компоненти и мотори.

Вештачката крв му овозможува на роботот да зачувува 325 проценти повеќе енергија отколку што носел во одделна батерија – доволно течност за да си плива цели 37 часа. Иако рибата не може да плива многу брзо или да оди многу далеку, нејзиниот крвоток е импресивен пример за тоа како имитирањето на биолошките организми може да им помогне на новите генерации роботи да станат понезависни и поефикасни од кога и да е.

Роботската крв не само што зачувува енергија, туку и ја заменува хидрауличната течност која вообичаено би се движела низ перките на роботот. Тоа му помага на роботот да достигне брзина од 0,1 инчи во секунда.

Елиминацијата на батериите и хидрауличните течности би можела да им даде на роботите доволно енергија за тие да станат поавтономни и да оперираат подолго време без надзор.
Создавањето роботи што ќе можат да функционираат автономно на подолг временски период е еден од клучните предизвици во роботиката. Како што посочува и Чечилија Лаши, роботичар од Школата за напредни студии Санта Ана во Пиза, Италија, ваквите автономните роботи ќе можат да ја најдат својата примена во безброј ситуации – на пример, при мисиите за спасување и пребарување или, пак, при истражувањето на морските длабочини.

Но, како што спомнавме, еден од главните проблеми при нивната конструкција е складирањето на енергија. На овој тип роботи потребно е да им се обезбеди доволно количество енергија за извршување на задачите, без притоа да има потреба од брзо надополнување на резервите. Традиционално, движењето кај роботите се реализира со помош на хидраулика, додека енергијата за нејзино напојување ја испорачува полната батерија. Додавањето батерии ја зголемува тежината и габаритноста на роботот, што значи дека тој ќе троши повеќе енергија и при наједноставните движења.

 

Текстот Риба-робот може да плива 37 часа (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.