Висок како двокатница и тежок како автомобил. Искусните рибари велат дека никогаш не се сретнале со вакво суштество.
Приказната за огромната ајкула која ја уловиле тригорсите рибари има и свое продолжение. Имено, ајкулата волонја (Hexanchus griseus), тешка повеќе од половина тон, е со закон заштитено животно и рибарите се должни да ја вратат назад во морето. Тоа и го направиле, вели рибарот кој во порталот “Morski.hr” се јавил со снимки од случајниот улов и пуштање на животните во својот природен дом.
Марин Шалов и Марко Шола се тригорски рибари кои некаде меѓу Блитвеница и Рогозница во мрежа ја фатиле неверојатно големата ајкула. Женката волонја била долга речиси како двокатница, а тешка како помал автомобил.
„Гледам дека луѓето не веруваат дека е жива, па ќе ви пратам и доказ. Мене не ме интересира приказната за уловот, туку само луѓето да знаат дека ајкулата е жива вратена во морето”, вели Марин Шалов за кого ова било единствено искуство.
„Погледнете ја фотографијата и проценете дали ајкулата случајно ја отворила устата пред одењето во морето”, вели Шалов додека ја покажува снимката на која ајкулата мрда лево-десно.
„Никогаш не сум сретнал волку голем ѕвер”, вели Шалов и на прашањето дали му било страв, вели: “Се исплашив само за тоа како ќе ја вратиме назад во морето. Многу се мачевме. На крајот успеавме. Стоеше тука 15-тина секунди и потоа отиде во длабочините”, вели Шалов.
Ајкулата била измерена и била долга 5,7 метри, а претпоставената тежина на женката е околу 700 килограми.
Единствен начин да ја вратат во морето било да ја кренат на кран и да ја спуштат во морето.
Кога била извлечено, животното заземало поголем дел од палубата на рибарскиот брод.
Извор: Morski.hr
Текстот Рибари од Јадранското море извлекле ѕвер тежок 700 килограми (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.