Роботите ќе им одземат дури 200.000 работни места на банкарите

Последниот извештај покажува дека банкарството ќе биде следната индустрија која ќе биде погодена од технологијата, а се предвидува дека значаен број на работните места ќе бидат загубени во следната деценија.

Проценето е дека околу 200.000 работни места ќе бидат заменети со роботи во текот на следните 10 години само во САД.

Технолошката ефикасност ќе резултира со најголема намаленост на вработените во американската банкарска индустрија во нејзината историја, со проценето намалување од околу 200.000 работни места во наредната деценија, се наведува во извештајот Vells Fargo & Co.

Околу 150 милијарди американски долари годишно кои финансиските фирми ги трошат на технологија, што е повеќе од било која друга индустрија, ќе доведе до пониски трошоци.

Вработените во банкарската филијала, кол центри и корпоративни работници ќе се намалат за околу една третина, а помалку ќе бидат погодени работите кои не се под влијание на технологијата како што се продажба и советување, се наведува во соопштението.

„Тоа ќе биде драматична промена во центрите за контакт, а тие се внатрешни и надворешни“ изјавил Мајкл Танг партнер кој ја води глобалната пракса за иновација на финансиските услуги.

Извор: Telegraf.rs

Текстот Роботите ќе им одземат дури 200.000 работни места на банкарите е превземен од USB.mk.