Роботите се пoвеќе ја извршуваат работата на келнер и стануваат замена за човечката работна сила во рестораните во Пекинг.
Роботот келнер се движи кон масата, го открива јадењето каде на послужавник се наоѓа јастог подготвен на шангајски начин и најавува со спор механички глас: „Уживајте во вашето јадење“. Ова е честа ситуација во угостителството во кинеската престолнина, а се работи за футуристички концепт кој го спроведува кинескиот гигант за интернет трговија „Алибаба“.
Зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците за работа се цел на роботот на „Алибаба“. Во Шангај келнер чини 10.000 јуани што е околу 15.000 долари месечно, а тоа на годишно ниво се стотици илјади јуани.
Во „Алибаба“ велат дека им се потребни работници што ќе работат две смени, а роботите се идеални.
Текстот Роботите во Пекинг ја преземаат работата на келнерите е превземен од USB.mk.