Малиот робот наречен QTrobot, креација на луксембуршкиот стартап LuxAI, би можел да биде врската помеѓу терапевтите, родителите и аутистичните деца. Робот поседува LCD лице и роботски раце, а им овозможува на децата да се навикнат на контакт со луѓе и да им биде полесно кога се во терапевтско опкружување.
Проектот е идеја на стартапот LuxAI, кој делуа при Универзитетот во Луксембург, а резултатите ќе биде претставени на конференцијата RO-MAN 2018 на крајот на август.
“Роботот има можност да креира триангуларна интеракција помеѓу терапевтите, роботот и децата. Детето воспоставува комуникација со терапевтот, односно поставува прашања за работот, а тоа исто така говори и за неговото однесување“, изјавила Аида Назрикорам, една од основачите на стартапот.
Роботот ја намалува тензијата кај аутистичните деца, а научниците осознале дека реакциите на децата, како на пример мавтањето со рацете се намалуваат кога е присутен роботот. Тој може лесно да се програмира, а исто така поседува и 3Д камера и процесор. Истражувачите исто така откриле дека роботот не станува фокус на терапијата, туку само му помага на терапевтот да воспостави контакт и комуникација со пациентите.
Текстот Роботот QTrobot им помага на децата со аутизам е превземен од USB.mk.