По неколку месеци одложување, компанијата Rocket Lab успешно ја изврши својата прва комерцијална мисија
Rocket Lab успешно ла лансираше својата ракета Electron во орбитата, која со себе понесе шест мали сателити, но и товар кој помага при тестирање на технологијата за напуштање на орбитата.
Мисијата наречена “It’s Business Time” требаше да биде извршена во април, но Rocket Lab ја одложи до јуни, откако е откриен дефект на контролерот на моторот во првата фаза. Ново одложување следуваше откако се јави истиот проблем, па компанијата одлучи да го промени дизајнот на контролерот.
Ова е само трет орбитален лет на Rocket Lab, а компанијата планира брзо да напредува и веќе закажа ново лансирање за декември, кога ќе лансира неколку сателити на NASA.
Целта е да се унапреди производството на една ракета месечно, ланисрањата набрзо би требало да станат рутина. Тоа е многу важно, бидејќи компаниите како што е SpaceX редовно лансираат товар во орбитата. Electron ветува демократизација на вселената за компании и институции кои не можат да го оправдаат користењето на големи ракети за лансирање на своите сателити.
Текстот Rocket Lab успешно ја изврши првата комерцијална мисија е превземен од USB.mk.