Руската државна корпорација Роскосмос патентирала сателит кој се самоуништува по завршувањето на мисијата, или по фатален дефект. Во моментот во орбитата на Земјата се наоѓа различен отпад од мисиите – дотраени сателити, резервоари за гориво, па се до разни алати кои биле користени од страна на астронаутите. Целиот тој отпад кружи околу Земјата со брзина од над 28 илјади километри на час.
Материјалот кој ќе се користи за новите „самоуништливи“ сателити ќе може при одредени температури да сублимира, односно од цврста фаза директно да се претвори во гасовита. Тоа практично значи дека сателитот ќе испари. Предвидено е сателитот да прими команда од Земјата кога треба да биде уништен. Според неодамнешните проценки на НАСА, околу 20.000 објекти орбитираат околу нашата планета, додека руското Министерсво за одбрана тврди дека тој број е околу 16.000. Над 80% од овој отпад прави големи проблеми при новите лансирања.
Текстот Роскосмос со решение за намалување на отпадот во вселената е превземен од USB.mk.