Најголемиот розов дијамант од 19 карати достигна рекордна цена од 50 милиони долари.Аукциската куќа очекувала продажбата на правоаголниот и неверојатно живописен розов дијамант да постигне цена од 30 до 50 милиони долари, но тој ги надмина очекувањата. ,,Кристи” го продаде дијамантот ,,Pink Legacy” на аукција во Женева за повеќе од 50 милиони долари, информирајќи дека тоа е нова светска рекордна цена по карат за розов дијамант.
Купувач е познатата златарница Хари Винстон.
Дијамантот со правоаголна форма „Пинк легаси“ од 18,96 карати е оценет со највисока оцена за боја на дијамант и е најголем таков дијамант кој „Кристис“ некогаш го има понудено на аукција. Некогаш бил дел од збирката на Опенхајер, семејство кое ја претвори компанијата „De Beers“ во најголем светски трговец со дијаманти.
„Неговото исклучително потекло недвосмислено ќе го крене во највисоката класа како еден од најголемите светски дијаманти“, рекол Рахул Кадакиа од аукциската куќа.
Само четири дијаманти со интензивна розова боја од преку 10 карати досега биле понудени на продажба на аукција.
Текстот Розовиот дијамант продаден за рекордни 50 милиони долари е превземен од USB.mk.