Во Русија 15 илјади луѓе се наоѓаат под контрола по доаѓање од други земји, а дневно се произведуваат околу сто илјади тестови за утврдување на инфекција од коронавирус. Моментално има 710 илјади вакви тестови.
Бројот на заболени од коронавирус во Русија е зголемен за 24 часа за 30 лица и достигна 93, Ова денес го соопшти потпретседателката на владата Татјана Голикова на седница на владиниот координативен совет за борба против ширењето на коронавирусот.
Во овој момент во Руската Федерација регистрирани се 93 заболени лица, од кои околу четворица закрепнале, па се пуштени дома. Во болница се наоѓаат 89 заболени, од кои 57 имаат лесен облик на болеста, без никакви симптоми, изјави таа.
Како што нагласи Голикова, само двајца пациенти се наоѓаат во средно тешка состојба предизвикана од отежнато дишење. Никому од нив не му е потребен апарат за вештачко дишење, ниту екстракорпорална мембранска оксигенација.
Од 93 случаи на заболени 86 се инфицирале во странство, додека седуммина се заразени по пат на контакт во самата земја, рече таа.
Околу 15 илјади луѓе се наоѓаат под контрола од 59 илјади кои се ставени под медицински надзор по доаѓањето од други земји. Според Татјана Голикова во Русија дневно се произведуваат околу 100 илјади тестови за утврдување на инфекција со коронавирус, во овој момент има 710 илјади вакви тестови.
Произведуваме вкупно сто илјади тестови дневно, а во овој момент имаме 710 илјади, во регионот се испорачани 427 илјади, а уште 282 илјади ќе бидат испратени во текот на денешниот и на утрешниот ден, изјави таа.
Извор: Russia Beyond
Текстот Русија дневно произведува сто илјади тестови за коронавирус е превземен од USB.mk.