Стартувањето на заедничка руско-американска меѓупланетарна мисија на Венера е можно најрано во 2027. година, дури и ако проектот наскоро почне да се финансира, изјави за Sputnik, водечката научна соработничка на Институтот за вселенски истражувања и кодиректорка на билатералната научна работна група за проектот „Венера Д“ од руска страна, Људмила Засова.
Лансирањето на вселенската мисија „Венера Д“, која предвидува испраќање на руски орбитален објект и уред за слетување, е планирано да се изврши од космодромот Восточни.
„Кон патот на Венера треба да се изнесе товар од 6,5 до 7 тони, во зависност од интервалот на лансирањето“, вели Људмила Засова од Институтот за вселенски истражувања и координаторка на работната група за проектот, пренесува Sputnik.
Засова наведува дека Русија и САД го завршиле формирањето на научните задачи за заедничката вселенска мисија на Венера и ги утврдиле приоритетите. Тие се подготвени да преминат на изработка на научна апаратура, како и на самата меѓупланетарна станица на проектот „Венера Д“.
Таа објаснува дека температурата и притисокот во долниот слој облаци на Венера малку се разликува од условите на површината на Земјата. Облачниот слој на планетата се наоѓа на висини меѓу 50 и 70 километри и се состои од капки сулфурна киселина со вода.
Планирано е мисијата да биде лансирана во 2026 година, со помош на ракетата Ангара.
Извор: B92.net
Текстот Русија и САД во заедничка мисија на Венера во 2027 година е превземен од USB.mk.