Русија испрати хуманоиден робот на мисија во вселената (ВИДЕО)

Руската ракета Soyuz-2.1 утринава беше лансирана со цел тестирање на нов погон и товарно летало. Покрај основната задача, ракетата полета со малиот хуманоиден робот Skybot, а неговите задачи на Меѓународната вселенска станица се тајна.

Во текот на патувањето, роботот бил сместен во пилотско седиште како човек. Со себе носи посебно подготвени податоци за екипажот на Станицата, а веднаш штом ќе пристигне на Земјата ќе испрати повратни информации за безбедноста на летот.

Роботот ќе биде во 17-дневна мисија и ќе треба да изврши неколку комплексни задачи кои засега се чуваат во тајност. Пристигнувањето на Меѓународната вселенска станица е закажано за во недела.

Извор: Klix.ba

Текстот Русија испрати хуманоиден робот на мисија во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.