Русија планира да го истражува природниот сателит на Земјата со помош на роботи со елементи на вештачка интелигенција, истакнаа од Државната корпорација за вселенски активности, Роскосмос.
„Учеството на луѓе во оваа програма е складно комбинирано со користење роботи со елементи на вештачка интелигенција“, наведува Роскосмос.
Роботизираните системи ќе бидат максимално користени во истражување на Месечината за да бидат намалени евентуалните ризици по здравјето на луѓето, како и трошоците на програмата во целина.
Димтириј Рогозин, шеф на Роскосмос, во текот на презентација на Државниот универзитет во Москва, изјави дека руските астронаути ќе слетаат на Месечината во 2030 година.
Извор: Srbija Danas
Текстот Русија ќе ја истражува Месечината со помош на вештачка интелигенција е превземен од USB.mk.