Русија нема да ја замени ракетата Proton пред 2024 година

Русија ја користи верзијата на својата Proton ракета за вселенската програма уште од 1965 година, а дизајнот веќе ја покажува и нејзината застареност. Сепак, наследниот на Proton нема да стигне до 2024 година.

Постојат неколку причини поради кои Proton се смета за застарен, а тука е и фактот што при секое лансирање се прави “еколошки неред“, бидејќи оваа ракета користи токсични хемикалии, додека новите ракети веќе користат “почисти“ горива.

Русија ќе мора да ја користи застарената технологија уште неколку години, а претседателот на корпорацијата Rostec, Јури Коптев изјави дека Angara, којшто треба да биде наследник на Proton, нема да пристигне пред 2024 година. Коптев не објаснил зошто е потребен толкав временски период, но додал дека трошоците на Angara ќе бидат помалку поради подобрувањата коишто се направени.

Првите планови за Angara се материјализираа уште во 1992 година, но успехот на Proton надвор од руските граници предизвика успорување на развојот на моторот. Првиот тест во 2009 година беше неуспешен, а првите успешни тестови беа забележани дури во 2014 години.

Меѓутоа, кога Angara ќе го замени Proton, и Казакстан ќе биде задоволен, бидејќи оваа земја ја критикуваше Русија поради користењето на опасната ракета во космодромот Бајконур. Angara користи “почисто“ гориво кое има многу помало штетно влијание.

Текстот Русија нема да ја замени ракетата Proton пред 2024 година е превземен од USB.mk.