Русија: Само искусни космонаути треба да одат на меѓупланетарни мисии

Само космонаути со искуство во вселенските летови треба да одат на далечни мисии на Месечината и Марс, изјави денеска шефот на лабораторијата за спречување хипогравитациони нарушувања на Институтот за биомедицински проблеми при Руската академија на науките, Јелена Фомина.

Таа во изјава за ТАСС рече дека причина за тоа е што искусните космонаути побрзо се приспособуваат на нулта гравитација и потоа на гравитацијата на Земјата.

Минатата година во лабораторијата се изврши експеримент за да се спореди брзината на приспособување кон нулта гравитацијата и потоа адаптацијата на гравитацијата на Земјата.

За време на експериментот беа избрани две групи на космонаути: оние кои го направија својот прв лет во вселената  и оние кои отидоа повторно во вселенска мисија, рече Фомина.

„Кога ги споредивме податоците од овие две групи, дојдовме до следниов заклучок: препорачуваме космонаути со искуство да се избираат за меѓупланетарни мисии”, рече Фомина.

Таа додаде дека тоа не е само поради тоа што тие имаат искуство, туку затоа што тие можат да се адаптираат брзо на нулта гравитација, а потоа повторно да се приспособат на условите на Земјата.

Текстот Русија: Само искусни космонаути треба да одат на меѓупланетарни мисии е превземен од USB.mk.