Русија создава армија роботи со кои управува вештачката интелигенција (ВИДЕО)

Руската агенција за напредни истражувања ARF претстави нова платформа за воени роботи наречена „Маркер“. Таа се состои од мали вооружени роботи, автономни тенкови, автономни топови и мали дронови кои можат да пренесуваат и фрлаат бомби.

Иако моментално со сите роботи управуваат човечки оператори, крајната цел на ARF е да создаде роботска војска која самостојно ќе биде управувана од вештачка интелигенција. Со ова може да се каже дека се остваруваат стравовите на Елон Маск и Стивен Хокинг, кои одамна предупредија на големата закана што со себе ја носи вештачката интелигенција во воената технологија.

Во видеото за експерименталната платформа поврзана со новите роботи Русите покажуваат уништување на цели од страна на беспилотни тенкови, дронови кои летаат во јата и фрлаат бомби на цели како и систем кој ја следи пушката на војникот.

Платформата Маркер во основа служи за истражување на роботски технологии, но истата би можеле да ја користат и руските специјални сили, во делот што се однесува на соработка со луѓе. Роботите Маркер се тренирани за работа во пар со војниците.

Руските воени роботи наводно се тестирани на фронтовите во Сирија, но според американските известувачки извори, имале многу проблеми и се покажале неефективни во реалните борбени дејства.

Извор: Vidi.hr

 

Текстот Русија создава армија роботи со кои управува вештачката интелигенција (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.