Русија тестира оружје кое предизвикува халуцинации (ВИДЕО)

Објавена е видео снимка од тестирањето на бродските станици за визуелно-оптичко попречување 5П-42 „Филин“ во фабриката „Росэлектроника“ во Ст. Петерсбург.

Рускиот ТВ канал „Звезда“ објави видео снимка од тестирањето на единственото руско оружје, кое неутрализира нишани, далечиномери, уреди за ноќно посматрање и системи за наведување на противтенковски ракети со домет 5 км.

На бродот се вклучува нешто што личи на исклучително моќен рефлектор, од чија светлина лесно може да се ослепи. Владимир Жарков, началник на Управата за научно-техничка логистика на проектите на компанијата која го произведува ово оружје, раскажа дека многу доброволци сведочеле дека пред очите им се појавува дамка, која има ефект сличен на халуцинација.

Текстот Русија тестира оружје кое предизвикува халуцинации (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.