Како гориво овие летала ќе користат водород, а тој би требало да биде посигурен и поудобен од постоечките.
Руски научници заедно со партнери од Европа развиваат хиперсоничен авион на течен водород, изјави генералниот директор на Централниот аеродинамичен институт (CAGI), Кирил Сипало.
Овие дејствија се изведуваат во рамките на проектот „High Speed Experimental Fly Vehicles“. Како гориво, овие летача ќе користат водород.
Серија авиони
„Авионот на иднината не е само еден, тоа е серија авиони. Тоа се суперсонични, а во иднина и хиперсонични летала, вклучувајќи и орбитални авиони, кои ќе овозможат повеќекратно да се скрати времето на превоз на патници и стока до оддалечени локации“, рече Сипало.
Авионот би требало да биде посигурен и поудобен од постоечките.
Во проектот, освен институтот CAGI, учествуваат и Централниот институт за авионски мотори, Институт за аеронаутика „Громов“ и Московскиот физичко-технички институт.
Странските производители во проектот се од Европската вселенска агенција, Францускиот центар за аеровселенски истражувања (ONERA) и Италијанскиот центар за аеровселенски истражувања (CIRA), пренесува агенцијата Спутник.
Извор: balkans.aljazeera.net
Текстот Русите го развиваат авионот на иднината е превземен од USB.mk.