Русите направија робот кој самиот пронаоѓа и спасува давеници (ВИДЕО)

Овој систем самостојно пронаоѓа давеници во зоната на бродолом и станува спасувачка капсула.

Руските инженери при крајот на јуни во Подмосковјето на саемот за вооружување „Армија-2019“ го претставија својот најнов проект: беспилотното пловило со вештачка интелигенција „Аурора“ за потрага и спасување, кое независно пронаоѓа давеници при бродолом и се отвора како капсула за спасување.

„Тоа е робот со вештачка интелигенција и невротехнологии кој проноаѓа луѓе во морето со помош на својот „технички вид“. Тоа е наши проект и наше ноу-хау“, изјави докторот на технички науки и извршен директор на RADAR MMS Иван Анцев.

Според него, во вештачката интелигенција на роботот се внесуваат специјални неврони и податоци кои овозможуваат препознавање на луѓе меѓу остатоци на брод во водата.

„Министерството за вонредни состојби веќе го користи нашиот робот“, додаде Анцев.

Како што истакна тој, не му е познато дали во странство постојат роботи кои можат да се споредат со овој, затоа што тој самостојно (без помош на оператор) пронаоѓа луѓе на местото на бродоломот и им приоѓа.

Како „Аурора“ пристигнува на местото на несреќата?

На местото на несреќата „Аурора“ ја исфрлаат беспилотни хеликоптери опремени со локатори, оптички инструменти и радиоелетронски станици.

Таков хеликоптер може да полетува и слетува на сите неопремени површини, како во град, така и на морео. Може да открие објект (од брод што тоне до нафтена платформа) во услови на дожд и магла, односно. во услови на исклучително слаба, дури и нулта, видливост.

Во моментов постојат два типа вакви хеликоптери: голем, што може да носи до 150 килограми товар, и мал, кој носи „Аурора“.

Секој хеликоптер ја нагледува зоната околу себе на растојание од неколку километри и „гледа“ сѐ под вода на длабочина од 100 метри од висина на птичји лет.

Денес беспилотните хеликоптери на компанијата RADAR MMS, освен Министерството за вонредни состојби, ги користат и компаниите „Гаспром“ и „Роснефт“ спасувачки операции на нафтени и гасни бушотини на отворено море, како и при потрага по нови полиња на нафта и гас во епиконтиненталниот појас и под вода.

Извор: Russia Beyond

Текстот Русите направија робот кој самиот пронаоѓа и спасува давеници (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.