По последните авионски катастрофи и бројни загубени животи, рускиот научник Анатолиј Иванов разви проект за создавање воздушно перниче за најновите модели на патнички авиони. Овој пронајдок на рускиот научник може целосно да ја промени идејата за авионските летови.
Новиот систем, како и во случај на останатите вакви видови на заштитни уреди во превозните средства, автоматски ќе се отвора во случај на катастрофа. Обезбедена е и мануелна контрола. Ќе биде доволно пилотот да го притисне копчето за аларм, по што воздушното перниче ќе се активира.
Овој дизајн е во состојба да спаси многу човечки животи, па дури и на сите патници во авионите. Според идејата на Иванов, сите патници практично ќе бидат опфатени во еден голем меур.
„Дури и ако авионот се урне, сите патници ќе бидат во оваа посебна капсула. Тој ќе го омекне ударот или нема да дозволи патниците да се удават во случај на пад во море или океан“, тврди Иванов.
Во однос на економските трошоци, Иванов веќе пресметал: воздушното перниче за еден авион ќе чини пет милиони евра. Пронајдокот е веќе патентиран во Русија.
Текстот Русите патентираа воздушно перниче за авиони (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.