Русите планираат да ги заменат пасошите со мобилна апликација

Вицепремиерот на Русија, Максим Акимов, на еден од последните саеми за технологија во земјата, најави дека во иднина Русите нема да мора да носат пасош и возачка дозвола, бидејќи тие ќе бидат заменети со посебна мобилна апликација. Со тоа, корисниците ќе можат да вршат разни легално значајни операции, за кои сега се потребни оригинални хартии и документи.

„Разговаравме дали воопшто е потребно документот постојано да го носите со себе. Бидејќи мобилноста и поврзувањето го менуваат светот толку брзо, и ќе ни требаат, претпоставувам, неколку облици на мобилна апликација која ќе содржи сигурносен пакет, кој ќе биде модерна форма на презентација на документите“, вели Акимов.

Се очекува издавањето на нов вид пасош да го спроведе државниот систем “Свет”, врз основа на кој сега се издаваат пасошите со чипови. „Во текот на првата половина од 2019 година ќе развиеме проект за нов државен информациски систем “Свет”, кој ќе работи на новиот пасош“, додаде вицепремиерот на Русија.

Покрај тоа, Русите разговараат и за можноста за воведување на нов формат на пасош во форма на лична карта со вграден чип и слика. На него ќе бидат сочувани отпечатоците од прсти на сопственикот и неговиот електронски потпис. Планирано е првиот таков пасош да се издаде за најдоцна 10 години.

Текстот Русите планираат да ги заменат пасошите со мобилна апликација е превземен од USB.mk.