Русите успеја да најдат лек за супер-бактериите

Лекарите од Централната воена клиничка болница „А.А. Вишневски“ на Министерството за одбрана на Русија, заедно со научници од Институтот за истражување, викендов објавија дека имаат ефикасен лек и за т.н. „супер-бактерии“ кои се отпорни на сите досегашни видови на антибиотици.

Руските лекари успеале да направат корисни „коктели“ кои успешно се применуваат во третман на антибиотска резистенција. Интересно е што во Русија ова не се непознати „коктели“ од лекови, затоа што еден вид на вакви лекови биле масовно користени за време на Втората светска војна за борба против бактериите кои предизвикуваат сериозни инфекции на раните на војниците. Подоцна тие престанале да се подобруваат поради појавата на антибиотиците.

Меѓутоа, неодамна, бактериите станаа се повеќе и повеќе отпорни на антибиотиците, со што се зголемија бројот на смртни случаи на планетава. Во овој поглед, научниците размислуваат за изнаоѓање и нови начини за борба против патогените организми. Еден од нив може да биде употребата на бактериофаги – вируси кои ги инфицираат само бактериите. Токму овие нови руски „коктели“ се потпираат на нивна помош.

Текстот Русите успеја да најдат лек за супер-бактериите е превземен од USB.mk.