Тим од руски и јапонски научници успеа да разбуди клетки на младата женка-мамут по име Јука, која живеела во Јакутија пред 28 илјади години.
Научниците од клетките на мамутицата извлекоа генетски модификации и ги пресадија најзачуваните јадра во јајце-клетки на глувци, објави BBC, повикувајќи се на истражување во магазинот Nature.
Во некои клетки се забележани показатели на биолошката активност која претходи на нивното размножување по пат на делба. И макар што процесот не го достигнал степенот на делба на клетките, научниците се задоволни со постигнатите резултати.
„Тоа покажува дека, иакo поминале толку векови, клетките и понатаму можат да покажуваат активност и, барем делумно, да ja репродуцираат“, изјави еден од истражувачите Кеј Мијамото.
Според него, научниците кои претходно анализирале ДНК на фосили не размислувале за тоа дали може да се искористи функционалниот материјал на клетките. Мијамото истакнува дека во скоро време не можеме да очекуваме голем напредок во оживувањето на мамут, но дека ова е првиот чекор кон клонирање на древното животно.
Тој додава дека современата метода на пресадување на јадра не овозможува мамутот денес да се клонира. Меѓутоа, истражувачот смета дека експериментот сосем сигурно треба да се повтори, доколку се пронајдат јадра кои се најдобро зачувани.
Мамутицата Јука беше пронајдена во 2010 година на брегот на Лаптевското море во Јакутија. Во почетокот се претпоставуваше дека староста на фосилот е околу 40 илјади години, но подоцна беше коригирана на околу 28 илјади години. Остатоците од мамутот се одлично сочувани поради вечниот лед. На телото на животното се пронајдени засеци направени од човечка рака и траги од повреди од диви животни. Се наведува дека младата мамутица не умрела од природна смрт.
Извор: Russia Beyond
Текстот Руски и јапонски научници успеаја да „разбудат” клетки на мамут е превземен од USB.mk.