Ова ќе биде првата приватна вселенска мисија која ќе бара живот на месечината на Сатурн.
Руско-израелскиот милијардер Јури Милнер ја планира првата приватна вселенска мисија во вселената, а во нејзината реализација ќе му помогне NASA.
Многу научници веруваат дека постои добра можност на Енкелад да постои микробиолошки живот. Претходно NASA потпиша договор со непрофитната организација Breakthrough Starshot Foundation, така што нејзините научници ќе соработуваат за реализација на оваа мисија, која во поголем дел ќе биде финансирана од парите на Милнер.
Со досегашните проучувања научниците откриле дека Енкелад од своите течни океани од внатрешноста исфрла органски молекули кои претставуваат претходници на микробиолошкиот живот. Токму затоа сметаат дека постојат потребни услови за одржување на живот.
Милнер, опремен со опрема за детекција за вонземски живот, сака да открие многу повеќе на оваа тема. Не станува збор за зелени вонземјани и слично туку за микроби кои живеат во екстремни услови како вулкански отвори или на дното на океаните.
Најновата студија на Универзитетот во Хајделберг откри голема можност дека во подземните води на Енкелад се крие едноставен микробиолошки живот, пишува Daily Mail.
Текстот Руски милијардер со помош на NASA ќе бара вонземјани на Енкелад е превземен од USB.mk.