Две експериментални вакцини за новиот коронавирус, кои ги развиваат научници во рускиот Државен истражувачки центар за вирус и биотехнологија „Вектор“, ќе бидат тестирани во јуни, објави денеска сибирскиот огранок на Руската академија на науките.
– Развиваме две вакцини, нивните прототипови би требало да бидат тестирани во јуни, рече извршниот директор Ринат Максутов.
Според него, Вектор веќе создал два дијагностички комплети за новиот коронавирус.
И Кинескиот центар за контрола и превенција на заразни болести, исто така почна да развива нов вид вакцина против вирусот 2019-nCoV, кој предизвикува пневмонија.
Од коронавирусот досега починаа 80 лица, а 2.700 се разболеле.
Текстот Руски научници развиваат вакцина против коронавирус е превземен од USB.mk.