Рускиот робот ФЕДОР е подготвен за првото вселенско патување

Рускиот хуманоиден робот ФЕДОР на 22 август ќе тргне кон Меѓународната вселенска станица и таму ќе помине една и пол недела, најави денеска генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур.

Роботот го носи името Скајбот Ф-850, пренесе агенцијата „Тасс“.

Рогозин истакна дека хуманоиден робот во иднина ќе биде испратен и на Марс во рамки на подготовката за испраќање на човечка мисија.

Текстот Рускиот робот ФЕДОР е подготвен за првото вселенско патување е превземен од USB.mk.