Специјалните единици на Вооружените сили на Египет ќе бидат ангажирани во борбата против коронавирусот на територијата на целата земја. На смотрата која беше одржана овие денови е целиот арсенал опрема и техника која се користи во санитарните мерки.
Привлекува внимание фактот дека основата на овие формации ја сочинуваат руски возила за непроодни терени „Урал-4320“. Воените камиони обоени во пустински камуфлажни бои се претворени во возила за прочистување и испорака на вода, како и за деконтаминација на теренот.
Овие возила за непроодни терени се произведени во Мијаса во Русија, а почнаа да служат во египетската војска во седумдесеттите години од минатиот век. Уште пред неколку години во војската на Египет имаше активни над 2.000 возила „Урал-375Ф“ што ги има испорачано Советскиот Сојуз.
Денес современите модификации со дизел-мотор ја потиснуваат оваа застарена техника од употреба.
На руските возила се поставуваат радари, се монтираат различни комуникациски средства и станбени модули.
Камионите исто така повеќепати се видени на Синајскиот полуостров во состав на единиците кои спроведуваат операции против терористичките групации.
„Урал“ послужи и како платформа за самоодечко артилериско оружје со топови со калибар од 130 милиметри и хаубиците Д-30 со калибар од 122 милиметри. Ваквото оружје редовно се користи во воените вежби.
Извор: Russia Beyond
Текстот Руските камиони „Урал“ во Египет ќе се борат против коронавирусот (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.