Како што соопшти Пентагон, ракетата е тестирана во неделата од островот Сан Николас во Калифорнија и прецизно погоди мета по 500 километри лет.
Тестираната ракета може да носи конвенционални, но и нуклеарни боеви глави.
САД се повлекоа од Договорот ИНФ со Русија, откако со години ја обвинуваа Москва за негово кршење со распоредувањето на руски ракети ССЦ-8, кои можат да носат нуклеарно полнење.
По повлекувањето на САД и Русија се повлече од ИНФ.
Со тоа не важи Договорот за контрола на вооружувањето, со кој беше забрането развивање на ракети земја – воздух со дострел од 500 до 5.500 километри.
Текстот САД тестираа ракета што беше забранета со Договорот ИНФ е превземен од USB.mk.