Американската вселенска агенција објави фотографии од централна Африка, дел во кој во минатото постоело огромно езеро, поголемо дури и од Каспиското. Мега Чад, како што го нарекувале езерото во Африка, се простирало на површина од 390.000 квадратни километри ширум Сахара.
Ако денес би постоело ова езеро, тоа би претставувало најголемото во светот, велат научниците. Денешноо езеро Чад е само мал дал од она што некогаш постоело. На снимките се гледаат темни, ниски делови од тоа подрачје, заедно со наслагите песок кои се формирале околу брегот Мега Чад.
Posted by NASA Earth on Понеделник, 17 февруари 2020
Експертите сметаат дека на езерото му се потребни неколку стотина години да се собере на простор на денешните 1350 квадратни километри. Површината на езерото Чад, кое се простира низ Чад, Нигер, Нигерија и Камерун, дополнително се намалико и поради човечкиот фактор.
„Периодот на влажност во Северна Африка заврши пред околу 5000 години“, истакнуваат научниците. Инаку на јужниот дел од пустината Сахара се наоѓа најниската точка во Чад, околу 155 метри под нивото на морето, наречена депресија Бодел. Се верува дека тој базен се исушил пред околу 1000 години.
Posted by NASA Earth on Понеделник, 17 февруари 2020
Плодната прашина од басенот се разлеала преку Атлантикот и така се збогатиле амазонските прашуми. Басенот Бодел е богат со хранливи состојки кои можат да бидат причина за така бујната природа во Амазонија.
„Амазонската тропска прашума е како огромна корпа. Во таква средина, големите дневни количини на вода, брзо ги испуштаат нутриентите од земјата и тие мора да бидат заменети. Тоа значи дека нутриентите можат да стигнат само од надворешни извори“, вели дотктор Сајмон Армитаџ, објаснувајќи ја врската меѓу Сахара и Амазон.
Звучи неверојатно, но песокот во Сахара е главното ѓубриво за амазонската бујна природа. Тим на истражувачи исто така се обидел да ја утврди староста на брегот Мега Чад, претпставувајќи дека тој датира од пред 15.000 години.
Текстот Сахара некогаш била огромно езеро (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.