Waymo со години нè подготвува за иднина во која доминираат автономни автомобили, за сега да велат дека се создава премногу врева околу возилата без возач.
Во текот на изминатата деценија постигнат е голем напредок во областа на автономното возење, при што Waymo, компанија која настана од Google, a сега е дел од матичната компанија Alphabet, е лидер. И додека повеќето од другите компании сè уште тестираат автономна технологија, Waymo веќе лансираше такси-услуга во Феникс со возила со кој управуваат компјутери.
Во овие автомобили сè уште има возачи како претпазливост, но од компанијата велат дека наскоро, кога луѓето ќе нарачаат такси од Waymo, ќе наидат на возило што ќе биде целосно празно и ќе биде управувано единствено од компјутер.
Ваквите информации сугерираат дека се приближуваме до моментот кога комплетно ќе го предадеме управувачот на компјутерите. На пример, Елон Муск смета дека во иднина на луѓето ќе им биде забрането да управуваат со возила затоа што компјутерите ќе бидат многу подобри возачи од нас, така што ќе има помалку несреќи и жртви на патиштата.
Сепак, за секој што се надева дека е блиско автономното сценарио, од Waymo доаѓа студен туш. Еден од извршните директори во компанијата, Текедра Н. Мавакана на конференција организирана од Business Insider вели дека околу автономното возење има и премногу врева што не одговара на реалната состојба.
Тој верува дека „напумпаните“ извештаи во медиумите создаваат впечаток дека откако автомобилите без возачи ќе станат секојдневие на патиштата, луѓето веќе нема да мораат да возат со свои автомобили. За ваквите оптимистички извештаи се виновни и од Waymo, односно Google затоа што со години ги слушаме нивните возбудливи предвидувања за револуцијата на четири тркала.
Уште во 2012 година, Сергеј Брин и тимот на Google разговараа за иднина каде компјутерите ќе бидат подобри возачи од луѓето и каде научната фантастика ќе стане реалност, а во 2014 година претставија прототип на возила без волан и педали за забрзувње и сопирање. Пред две години, извршниот директор на Waymo, Kон Крафчик изјави дека „автономните“ пристигнале и дека нема да треба да чекаме до 2020 година за целосно автономно возење, така мислеа експертите во тоа време, туку дека до тој момент остануваат само уште неколку месеци.
Состојбата, значи, не е толку оптимистична како што во тоа време се надеваа Waymo, на што Morgan Stanley минатиот месец одговори со намалување на проценетата вредност на компанијата за дури 40 проценти, од 175 милијарди долари на „само“ 105 милијарди.
Извор: Додај Гас
Текстот Самовозечките автомобили се уште далеку од реалноста е превземен од USB.mk.