Според првичните проценки, договорот за приватизација би можел да чини околу 50 милијарди долари.
По многубројните шпекулации и извештаи за приватизација на Tesla, директорот на компанијата реши да го прекине молкот и на неговиот блог објави дека веќе неколку недели е во преговори со менаџери од Саудиска Арабија за финансирање на огромниот договор.
Според првичните проценки, договорот за приватизација би можел да чини околу 50 милијарди долари.
Елон Маск појасни дека Саудијците првпат го контактирале на почетокот на 2017 година кога изразиле интерес за купување на неговата компанија. Сепак, по разговорите тие купиле само 5% од акциите на Tesla. Маск открива дека на 31 јули имал уште еден состанок со генералниот фонд од Саудиска Арабија кој изразил желба за понатамошна соработка помеѓу двете страни.
„Тие изразија поддршка за финансирање на приватизацијата на Tesla. Излегов од состанокот без никакви дилеми во врска со фондот од Саудиска Арабија и сега прашање е само како ќе се одвива процесот. Очигледно е дека фондот од Саудиска Арабија има повеќе од доволно средства за да изврши една ваква трансакција“, пишува Маск.
Тој пред неколку дена ги шокираше инвеститорите откако наговести дека е можно да ги повлече акциите на Tesla од берзата за да ја зачува вредноста и да ја ослободи компанијата од притисокот на инвеститорите.
Текстот Саудиска Арабија ќе ја финансира приватизацијата на Тесла е превземен од USB.mk.