Весникот The New York Times, пишува дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, планира да и продаде нуклеарен реактор на Саудиска Арабија. Овој рекатор може да се користи и за производство на нуклеарно оружје. Авторот на текстот пишува дека советникот на Трамп неодамна во Ријад се сретнал со престолонаследникот Мухамед бин Салман, и тврди дека една од темите на разговорот била и американска помош во развојот на саудиската нуклеарна програма.
Истакнувајќи дека администрацијата на Трамп гласно заговара денуклеаризација на Северна Кореја, новинарот на овој весник наведува дека Белата куќа планира да и помогне на Саудиска Арабија во развојот на нуклеарни капацитети. Иако Саудиска Арабија тврди дека нуклеарните реактори сака да ги гради само за производство на електрична енергија, авторот на текстот тврди дека зад тој план би можело да се крие намера за производство на нуклеарно оружје.
Текстот Саудиска Арабија купува нуклеарен реактор од САД е превземен од USB.mk.