Луѓето кои стојат зад проектот SpaceLife Origins почнаа со потрага по жени кои се подготвени да учествуваат во новиот експеримент – породување далеку од Земјата. Проектот е стартуван со цел да се открие како просторот влијае врз нашето тело, вклучително и во текот на бременоста.
„Ако сакаме да ги колонизираме другите планети, тогаш прашањето за текот на бременоста и породувањето е исклучително важно за нас“, велат авторите на проектот.
Сега научниците ги анализираат минатите истражувања и собираат податоци за да се подготват за проектот кој треба да започне во 2024 година. Ако сè оди според планот, првото породување надвор од Земјата ќе се случи за 3-4 години.
Пред ова породување, експертите планираат да спроведат неколку прелиминарни тестови, со развивање на посебен „вселенски инкубатор за ембриони“. Истиот ќе сочинува сперма и јајце клетки кои ќе бидат испратени во вселената во 2021 година. Таму треба да се направи оплодување и да се следи натамошниот развој на ембрионот.
Текстот Се бара жена која ќе се породи во Вселената е превземен од USB.mk.